Први бодови за Тиквеш

ГРК ТИКВЕШ - РАДОВИШ 32-25 (16-14)
Тиквеш: Симиќ 8, Стефановиќ 6, Коцев 6, Хамзиќ 4
Радовиш: Постолов 8, Органџиев 4...



Тиквеш ги освои првите бодови откако вечерва го совлада тимот на Радовиш и сега помирно мож да се подготвува за следните натпревари.
Гостите се покажаа како незгоден противник само во првите 30 минути. Резултатски беа блиску, во два наврати имаа и водство (11-10), пред кавадаречкиот тим да фати подобар ритам и на полувреме да замине со плус два.
Во вториот дел, гостите беа во проблеми уште од почетокот. Тиквеш поведе со четири (19-15), па со пет гола разлика (22-17) и го прекрши натпреварот во оваа фаза.
До крајот на мечот, немаа проблеми да ја задржат разликата и да ги освојат првите бодови.



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk