Бешикташ поразен во Супер Куп

Актуелниот првак на Турција, Бешикташ, екипа што освои 13 од последните 15 првенства, вечерва беше поразена во Супер Куп натпреварот. 



Дуелот меѓу ланскиот шампион на Турција Бешикташ и ланскиот победник на Купот, Бејкоз, заврши со минимална победа на Бејкоз (29-28), откако имаа водство од 29-27 и немаше особена драма во последната минута. 
Бешикташ, убедливо најуспешниот турски тим со 16 освоени шампионски титули, на оваа средба настапи со состав во кој немаше странски играчи, а слично беше и кај противникот кој имаше само еден странец- Украинец во тимот (Олег Георгиевски). 

Овие екипи во главно ја сочинуваат и репрезентацијата на Турција со која Македонија ќе игра во првата фаза од квалификациите за ЕП 2024. По нешто повеќе од еден месец, Македонија ќе гостува во градот Ван, на 16 октомври, на прв дуел со турската селекција во новиот квалификациски циклус. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk