Почна акредитирањето за ЕХФ ЕУРО 2022 во Македонија, Словенија и Црна Гора

ЕХФ денеска го отвори системот за акредитирање на новинари од пишани медиуми, фотографи и „none-right holders“ за Европското првенство што ќе се одржи во Макеоднија, Словенија и Црна Гора од 4 до 20 ноември годинава.



По веќе воспоставена пракса, акредитирањето ќе се врши исклучиво преку апликацијата на ЕХФ на која можете да дојдете со клик овде: 

ЛИНК ЗА АПЛИКАЦИЈА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА ЗА ЕП 2022

За претставниците од ТВ и радио важи посебниот систем за акредитирање преку контакт со ЕХФ и нивниот маркетинг партнер Infront Sports & Media како и DAZN.
Медиумите, односно новинарите и фотографите кои имаат свој профил (account) можат да го користат за акредитирање постоечкиот, додека тие што немаат, прво ќе мораат да креираат профил, па потоа да пристапат до базата за аплицирање. Тоа можат да го сторат со клик на следниов линк:

ЛИНК ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПРОФИЛ

Крајниот рок за аплицирање за акредитација е петок, 7 октомври до 23:59. По ова системот ќе биде затворен, а апликациите нема да бидат валидни.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk