Т. Пролет со три бода од мечот со Голден Арт

ГОЛДЕН АРТ - Т. ПРОЛЕТ  23-27 (13-14)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Драган Начевски
Голден Арт: Даскаловски (13 одб), Шилегов 6, Илиев 6, Милошевски 5
Т. Пролет: Петковски (13 одб), Јагуриноски 6, Димов 5, Палевски 5


Тинекс Пролет по сериозно вложена количина на труд и борба успеа да ги освои трите бода од дуелот со екипата на Голден Арт која им беше домаќин во првото коло од Супер лигата. 

Прв меч е секако потежок и со поголем притисок, се уште не се разработени машинериите, понекогаш чкрипи и во напад и во одбрана, но генерално гледавме условно кажано добар ракомет од двете страни. Резултатски интересно, неизвесно речиси до последен момент.
Домашниот тим предводен од Милошески,ветеранот Илиев и новодојдениот Мице Шилего воглавно беше во водство во првиот дел, но воглавно тоа водство беше еден гол разлика. Во финишот на полувремето гостите го свртеа текот на мечот во своја корист. 

Во второто полувреме, Т. Пролет беше за нијанса постабилен, нивната одбрана беше поцврста, а нападот на домашните почна да покажува знаци на слабост, иако наоѓаа начин како да ја сместат топката зад грбот на Петковски. 
Можеби ќе имаше порелаксиран тек мечот за гостите доколку голманот Златко Даскаловски на голот не беше на високо ниво, успевајќи патем да одбрани и три од вкупно пет седмерци.
Но, на спротивната страна Андреј Петковски врати со иста мерка и направи баланс, а кога се прекрши резултатот, а тоа се случуваше на десетина минути до крајот, неговите одбрани беа еден од клучните фактори. 
Новодојдениот Томи Јагуриноски исто така беше еден од клучните фактори поради кои во финишот Т. Пролет имаше плус четири-пет гола (21-24, 21-25).
Домашните во желбата да направат пресврт пристиснати од времето попуштија и со дисциплината, направија неколку грешки и на Т. Пролет не му беше особено тешко во финишот да ја одбрани разликата и да прослави победа. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk