ЕЛ: Кој е поголем „лузер“, Тримо или Горњик?

Десет екипи се елиминирани во првото елиминациско коло од Европската лига. Две од нив, имаат причина да „искршат“ се пред себе.



Десет екипи меѓу кои и Е. Пелистер 2, завршија со Европа за оваа сезона. Битолчаните и покрај активниот резултат од Австрија (21-24), беа поразени и во реваншот (24-27) и деби сезоната во Европа ја завршија со два натпревари. Немаат по што многу да жалат, имаа подобар и поискусен противник пред себе. Можеби ако беа во ланскиот состав шансите ќе им беа подобри, но без гаранции дека ќе отидеа чекор подалеку. 
За два тима што играа квалификации во првото коло, ова не важи. 

Тримо Требње. Словенечкиот претставник во ЕЛ е елиминиран од шведскиот Кристијанштад. На првиот меч одигран во Шведска водеа и со девет гола разлика! Се изгубија на теренот и таа средба заврши нерешено. На реваншот во Словенија, Швеѓаните славеа 35-31 и ги елиминираа Словенците. 

Горњик Жабже. Полскиот претставник на дулелот со Амичитија од Швајцарија по првиот меч имаше предност од осум гола (27-19). На полувреме на реваншот во Цирих беше 13-12, на средината на второто полувреме беше 19-19. Потоа Полјаците влегоа во „црна дупка“.  Амичитија се врати во игра и на крајот на мечот имаше водство од 31-23.
Мечот заврши, на домашните им остана само уште слободен удар. Олафур Гудмундсон, нивното ново засилување ја смести топката во гол преку живиот ѕид. Конечни 32-23 вкупно 51-50 и во следното коло оди Амичитија. За швајцарскиот состав игра и макеоднскиот интернационалец Мартин Поповски кој постигна три гола, од кои еден многу важен за водство од 29-22 во финишот.


Погледнете го победничкиот гол на Амичитија. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk