Бутел добива противник за ЕЛ

Заврши првото елиминациско коло за пласман во групната фаза на Европската лига. Десет екипи меѓу кои и Еурофарм Пелистер 2 отпаднаа, 10 продолжуваат во следното, последно елиминациско коло.



Бутел Скопје утре ќе биде во ждрепката од второто коло од Европската лига. Македонскиот претставник ќе биде во привилигираната група од 12 тима или т.н. прв шешир заедно со гиганти од типот Флензбург, Монпеље, Гепинген, Спортинг... 
Други 12 екипи од 10 играа во квалификациското коло број еден, се можни противници на нашиот претставник во ЕЛ. Победницие од оваа фаза ќе се пласираат во групата од ЕЛ, каде што веќе е сместен нашиот најдоброрангиран тим Еурофарм Пелистер. 

Можни противници на Бутел Скопје во утрешната ждрепка се следниве 12 екипи:

Нексе (Хрватска), Квиджун (Полска), Колстад (Норвешка), Бјерингбро-Силкеборг (Данска), Шамбери (Франција), Акваш Санташ (Португалија), ФТЦ (Унгарија), Савехоф (Шведска), Алпла Хард (Австрија), Кристијанштад (Шведска), Лемго (Германија) и Амичитија (Швајцарија). 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk