Карбеска и Илиева со меч од ЛШ ја почнуваат сезоната

Македонската жнска судиска двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева сезоната во Европа ја почнуваат со натпревар од Лигата на шампионите во женска конкуренција. 


Најдобриот и најискусниот женски судиски пар од Македонија, Силвана Карбеска и Марија Илиева новата евро-сезона ја почнуваат со натпревар од Лигата на шампионите. 
На 11 септември во Франција, Карбеска и Илиева ќе судат меч од првото коло меѓу екипите на Мец и гостинот од Норвешка, Сторхамар. 

Новопромовираниот ИХФ пар, Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе судат натпревар во машка конкуренција, во Европскиот Куп. Македонската двојка ќе дели правда на мечот меѓу косовскиот Кастриоти и Грачаница од БиХ. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk