Струга со победа ја отвори сезоната

СТРУГА - КУМАНОВО  21-20 (10-8)
Сала: Нико Нестор во Струга. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски. Делегат: Љупчо Јаневски
СТРУГА: Бугариновиќ 8, Блажески 5, Костески 4
КУМАНОВО: Мрвовиќ 9, Тасевски 4, Постоловски 2, Колоски 2



Екипата на Струга виде доста мака со новиот суперлигаш Куманово, но на крајот успеа да слави победа и да ги запише првите три бода на салдото. 
Домашниот тим, игра во доста изменет состав во однос на ланската екипа, но сеедно беше фаворит на овој меч. 
Куманово, пак, изненади. Предводен од нивниот нов лев бек/плејмејкер Вучко Мрвовиќ кој постигна девет гола на овој меч, кумановци постојано беа резултатски блиску. Водеа само во воведните минути (4-2), а потоа стружаните израмнија, ја преземаа контролата и водеа до крајот на натпреварот. 
Во неколку наврати гостите беа блиску, на само гол заостанување, но стружани се одбранија, а во финишот влегоа и со плус два гола, прво поведоа со 20-18 каде што практично се прекрши мечот, а потоа го приведоа мечот до крај, не искористија два зицера при 21-19 и примија гол со звукот на сирената за конечни 21-20. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk