Јуниор изненади во Радовиш

РАДОВИШ - ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА   22-22 (13-12)
Сала: „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегат: Васил Чавдаров
Радовиш: Постолов 9, Органџиев 5, Вјештица 5
Јуниор К. В: Матовиќ 9, Митровиќ 4, Петровски 3



Радовиш важеше за фаворит на дуелот со повратникот во Супер лигата, Јуниор Кисела Вода, но на теренот не се изнаигра, барем не „фаворитски“. Ова беше меч од групата „Б“, единствениот што се игра(ше) викендов.
Гостите од Скопје иако во поголемиот дел од првото и дел од второто полувреме беа во резултатска негатива, беа блиску и беа постојана опасност  за домашниот состав. 
Јуниор го презема водството при резултат 19-18, тоа беше нивното прво водство на натпреварот. Од тој момент постојано диктираа резултат. 
Радовиш израмни на 1,5 минута до крајот од седмерец. Поточно, новодојдениот Јакша Вјештица го промаши пеналот, но топката среќно се одби до него, па од „втора“ израмни (22-22).
Јуниор напаѓаше на повеќе од една минута до крајот, но акцијата која не беше добро следена од одбраната заврши со шут над голот, па Радовиш имаше 30-тина секунди и тајм аут да се договори.
И нивната акција ја пресекоа гостите и мечот заврши без победник. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk