Каква историја делат Тамше, Илиќ, Обрван и Валтер?

Фајнал фор турнирот на меѓународната лига СЕХА се игра во Задар. Квартетот на познати тренери се наоѓаат во пресекот на заедничкото множество на еден клуб што не е на овој турнир. 


Учител против ученик, претходник и наследник, играч против тренер - четирите тренери што ги водат екипите во Задар биле дел од ист клуб во иста временска рамка. Тоа е екипата на Горење, клуб што некогаш играше во меѓународната лига, но се повлече на сметка на домашното првенство. 

Бранко Тамше сегашниот тренер на Нексе од Хрватска беше тренер на младите категории на Горење од 2000-2008, потоа и прв тренер на Горење од 2008 до 2013 година. 
Ларс Валтер, тренерот на Еурофарм Пелистер го водеше тимот на Горење од 2004 до 2006 година и во тие две сезони работеше заедно со Тамше кој го водеше младиот тим. 
Ивица Обрван, во моментов тренер на ППД Загреб во Горење дојде во 2007 година на местото што претходно две години го имаше Ларс Валтер. Таму остана до 2008 кога Бранко Тамше го презема тренерското место клубот. 
Момир Илиќ сега тренер на Веспрем во своите играчки денови од 2007 до 2010 играше во Горење под водство и на Ивица Обрван и на Бранко Тамше. 

Петнаесетина години подоцна, квартетот што беше дел од Горење е на Фајнал фор секој со своја екипа. Момир Илиќ убедливо го доби дуелот со Ларс Валтер и сега во финалето ќе се надмудрува со својот некогашен учител Ивица Обрван. 

Бранко Тамше го загуби дуелот со Ивица Обрван и сега го чека пресметка со некогашниот ментор во Горење - Ларс Валтер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk