Олимпијакос пресилен за Тиквеш

Грчкиот шампион Олимпијакос гостуваше во Кавадарци на натпревар со македонскиот суперлигаш ГРК Тиквеш во предвечерјето на новата сезона во Македонија.


ГРК Тиквеш својот натпревар од првото коло од Супер лигата со екипата на Еурофарм Пелистер 2 ќе го одигра во среда, затоа што битолчни имаат пред себе меч од Европската лига викендов. 
Терминот, сепак, не остана празен, во Кавадарци гостуваше екипата на Олимпијакос за која играат неколку познати интернационалци како Анхело Монторо, Оливие Њокас и двајца екс ракометари на битолскиот суперлигаш Владислав Остроушко и Елмир Граџан. 

Олимпијакос го доби овој натпревар 29-18 (15-7). Избраниците на Данило Брестовац беа рамноправни во две третини од првиот дел, иако противнокот имаше водство (3-6, 5-8, 7-10) но во финишот грчкиот тим со серија од 5-0 стигна до плус осум на полувреме. 
Вториот дел беше резултатски поизрамнет, со тоа што предноста на гостите не беше доведена во опасност. 

За кавадарчани ова беше добра проверка, сега имаат неколкку дена да поработат на тренинзи на своите послаби страни и спремни да го дочекаат дуелот со битолскиот противник. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk