ВИСОК ПОРАЗ НА ПЕЛИСТЕР: Веспрем е поинаква класа

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - ВЕСПРЕМ  27-41 (16-24)
Хосни 6, Пешевски 5, Сери 5 - Вајлупов 8, Штрлек 6, Нилсон 6, Јахија 6

Во финалето на Ф4 турнирот во Задар, ќе се сретнат екипите на ППД Загреб и Веспрем. Во мечот за трето место, ќе играат Еурофарм Пелистер и Нексе. 




Е. Пелистер доживеа фијаско на полуфиналниот меч од Фајнал фор турнирот на меѓународната лига СЕХА. Битолскиот состав амбициозно допатува во Задар, со најава дека може да се бори со фаворизираниот противник, но најавите беа далеку од реалноста. 

Нема што многу да се каже за натпреварот, а притоа да не бидат директно нападнати битолските ракометари и нивниот тренер. Факт Веспрем е поинаква класа, но не видоме дека тоа низ жестока борба го докажа на вечерашниот натпревар. Напротив, по 19 минути и 19 примени гола, уште во првиот дел се постави прашањето дали ќе прими Е: Пелистер 45 гола.
Веројатно и ќе примеше доколку држеа посилен ритам Унгарците. 
Попоразително од ваквиот епилог е што Веспрем многу лесно стигна до триумфот од 14 гола. Имаа Унгарците победа во раце уште по 20 минути игра во кои водеа 19-11. Е. Пелистер за волја на вистината постигна 16 гола во првиот дел, што и не е лошо. Но, лошо е, затоа што противникот постигна 24, а тие 16 се резултат на тоа што се олабавија противниците, затоа што имаа убедливо водство и обезбедена победа, а не плод на добра напаѓачка игра.

Но, да не фрламе дрва и камења. Ова беше лош ден за Е. Пелистер, сигурно не и вистинска слика. Се надеваме дека не е вистинска слика. Шанса да го поправат впечатокот ќе имаат на мечот за трето место на кој ќе играат со Нексе. Очекуваме на оваа средба да бидат во поинакво издание и да ја вратат довербата во силата на нивниот актуелн тим. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk