УО на РФМ: Да се формираат екипи од генерациите 2006 и 2008

Денеска се одржа состанок на Управниот одбор на РФМ. Извештаите на селекторите за настапите на репрезентациите беа точки на дневен ред. 



Летото беше убаво за македонските млади репрезентации и во женска и во машка конкуренција. Кадетките како домаќини на СП, кадетите со обезбеден пласман на ЕХФ Еуро и СП 2023. 
Беше резимирана работата во селекциите, изразено задоволство од резултатите и условите во кои работат репрезентациите, вклучително со настапот на Медитеранските игри. 

Момент што треба да се одбележи е одлуката месецов да бидат формирани репрезентации од генерацијата 2006 и 2008 во машка и во женска конкуренција. 
Системот ќе остане ист, Кирил Лазаров ќе биде координаторот на сите национални селекции, селекторите на помладите селекции ќе можат да внесат свои елементи во играта, но базата, системот на игра ќе остане истиот за сите репрезентации, почнувајќи од сениорската па пресликано надолу по возрасните категории. 

Очекуваме месецов, да бидат назначени селектори на споменатите 2006 и 2008 генерации и да биде извршен првата селекција во овие категории како и да биде искристализирана селекцијата во веќе активната 2004. 

Сите селектори, побараа во текот на годината да имаат повеќе собири и пријателски натпревари. 

„Лично како претседател на федерација, изразувам задоволство од постигнатите резултати од начинот на кој се претставија нашите репрезентации. Сметајте на нашата целосна поддршка во иднина, долгорочно“, изјави претседателот на РФМ Живко Мукаетов. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk