Супер лига: Парови, термини, судии...

Во сабота, со натпреварите меѓу Прилеп и Алкалоид, односно Вардар Неготино и Вардар 1961 ќе биде означен стартот на новото државно првенство. Бранител на првенствениот и Куп пехар е Вардар, додека бранител на Супер Куп пехарот е Е. Пелистер. 



Дерби на првото коло во шампионатот е средбата што во сабота од 19:00 часот ќе се игра во скопската населба Бутел, каде што на истоимениот домашен клуб ќе му гостува тимот на Охрид. Ова се два аспиранта за место во Плеј оф и бодовите од меѓусбниот дуел се значаен капитал за место во горниот дел на табелата, особено ако се освојат на гостински терен. 
Бутел Скопје имаше проблеми во подготвителниот период, му се повредија три играчи, па во каков состав ќе го пречека Охрид ќе видиме кога ќе бидат објавени официјалните состави. Најголемиот хендикеп на Охрид од друга страна е што годинава го ремонтираше целиот тим со се тренер, па немаат континуитет во играта. Заминаа познати, дојдоа други за домашни услови познати играчи, па првото гостување ќе биде посебен предизвик и за нив. 
Прилеп кој оправдано или не, на хартија не го запишуваме меѓу сериозните кандидати за Плеј оф, во првото коло на домашен терен го пречекува новиот суперлигаш, Алкалоид, кој пак има амбиции да игра во Плеј оф шампионатот следната пролет. Затоа за нив нема право на грешка, особено против екипи кои оправдано или не, на хартија не ги запишуваме меѓу сериозните кандидати за Плеј оф. 
Истото важи и за екипата на Струга која има план да игра Плеј оф. Тие во првото коло на домашен терен ќе играат со Куманово и не смеат да си дозволат „кикс“. 
Вардар Скопје е голем фаворит кај истоимениот противник од Неготино.

Во групата „Б“, викендов ќе играат Радовиш и Јуниор Кисела Вода, на меч каде што домашниот тим е фаворитот. 
Другите средби се играат од понеделник. Тинекс Пролет рехабилитацијата за ланското играње во Плеј аут ја почнува со гостување кај Голден Арт. Домашните ќе бркаат изненадување, гостите би требало со цел плен да се вратат во своја населба, иако веруваме дека ќе треба да ги испотат дресовите. 
Битолските екипи поради настапите во Задар и во Европската лига своите натпревари ќе ги играат дури во среда. 


1. КОЛО
ГРУПА „А“
03.09.2022 (Сабота)
18:30  ПРИЛЕП - АЛКАЛОИД
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Суии: Методија и Михајло Илиевски. Делегат: Илија Цветкоски.

18:30  ВАРДАР (Н) - ВАРДАР 1961
Сала: „Кирил и Методиј“ во Неготино. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски. Делегат: Камер Металари
19:00  БУТЕЛ СКОПЈЕ - ОХРИД
Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат: Ацо Николовски
04.09.2022 (Недела)
18:00  СТРУГА - КУМАНОВО
Сала: Нико Нестор во Струга. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски. Делегат: Љупчо Јаневски

ГРУПА „Б
03.09.2022 (Сабота)
19:30  РАДОВИШ - ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
Сала: „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегат: Васил Чавдаров
05.09.2022 (Понеделник) 

19:30  ГОЛДЕН АРТ - Т. ПРОЛЕТ
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски. Делегат: Драган Начевски
07.09.2022 (Среда)
16:00  ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 - ГРК ТИКВЕШ
Сала:
„Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Делегат: Душко Камишевски
19:00  ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - СКОПЈЕ 2020
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Игор Огненов

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk