Супер лига, спремна за старт

Викендов на сцена ќе излезат најдобрите екипи во домашното првенство. Стартува новата ракометна сезона. 



Прв пат со 16 екипи, по систем 8х2 ќе стартува новото државно првенство на Македонија. По 14 одиграни кола во есенскиот дел, најдобрите четири ќе формираат Плеј оф лига со осум клуба, другите осум екипи ќе играат во Плеј аут шампионатот. 
Вака проширена лигата е шанса за повеќе клубови, шанса за повеќе играчи, нивно е сега да ја оправдаат довербата и да потврдат дека се материјал за Супер лига.

Ќе имаме интересно првенство, во тоа нема сомнеж. Отворена е битката за шампионскиот пехар. Вардар како бранител на двата пехари е и годинава благ фаворит во однос на Е. Пелистер. Овие два тима ќе се разминат во есенскиот полесен дел, а какви ќе бидат на пролет кога ќе се игра за шампионски пехар ќе видиме.

Битката за плеј оф и подоцна за Европа ќе го извади најдоброто од македонскиот ракомет на површина. Четири екипи ќе обезбедат учество во Европа, а битката ќе биде жестока, затоа што Охрид, Тиквеш, Пролет, Бутел, Е. Пелистер 2 и Алкалоид се екипи што (под услов сите да се пласираат во Плеј оф) 
ќе треба да одлучат меѓусебе кои две се најдобри. 

1. КОЛО
ГРУПА „А“
Бутел Скопје - Охрид
Прилеп - Алкалоид
Струга - Куманово
Вардар (Н) - Вардар 1961

ГРУПА „Б“
Голден Арт - Тинекс Пролет
Радовиш - Јуниор К. Вода
Е. Пелистер 2 - ГРК Тиквеш
Е. Пелистер - Скопје 2020

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk