Денеска завршува преодниот рок

Вечерва завршува преодниот рок во македонската машка Супер лига. 



Кој каква екипа составил, со таква ќе го почне првенството. Вечерва завршува преодниот рок и нема да бидат дозволени трансфери на играчи меѓу клубовите. 
Клубовите, како и да е, ќе можат да доведат странски засилувања до 1 март. Приклучување на играчи што немаат клуб или играчи од младинските погони останува дозволено. 

Клубовите ќе можат меѓусебе да тргуваат со играчи повторно во февруари следната година. Зимскиот преоден рок ќе трае да 1 март, а потоа веќе нема да биде дозволено да се прават трансфери ни за домашни  ни за странски ракометари.  

Македонската Супер лига, поделена во две групи со по осум екипи ќе стартува викендов. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk