ЕХФ прави „Куќа на славните“

Ракометна Виена се пофали со два нови проекта што треба да го приближат ракометот до обичните гледачи.



Куќа на славните - нешто што го има во многу спортови, но не и во ракометот, за прв пат ќе биде презентирано следната година, а до крајот на годинава ќе се знаат и првите членови на ова елитно друштво. 

Играч на годината - Ова ќе биде пандан на изборот што го прави ИХФ уште од 1988 и кое од тогаш само пет пати не се одржало од разни причини. Изборот на ИХФ секогаш е помалку „контроверзен“, а сега ќе добие и европска верзија која би требало да биде пореална со изборот, иако веруваме дека ниво сите да се задоволни нема да се достигне, но ќе биде интересно да се следи. 

Критериумите да се добие номинација за играч на годината, се следни. Треба да се биде член на Ол Стар тимот коло на Лигата на шампионите. По тројца од секоја позиција што ќе имаат најмногу номинации влегуваат во изборот.
По еден од секоја позиција ќе влезе од Европската лига, од Ол стар тимот на ЕП или европските играчи што ќе бидат во Ол стар на СП. 

Потоа ќе гласаат тренери, играчи, новинари и публика. Сите ќе дадат по 25% од вкупното гласачко тело и на крајот ќе биде избран идеален тим и МВП. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk