Олимпијакос ќе гостува во Кавадарци

Пријателски натпревар со хуманитарен карактер ќе се одигра во петок во Кавадарци.



Звучно име ќе гостува во петок во Кавадарци. Шампионот на Грција, екипата на Олимпијакос ќе биде гостин на македонскиот тим Тиквеш. 
Овој меч ќе има хуманитарен карактер, а средствата собрани ќе бидат наменети за донација на ,,Мал групен дом за деца без родители'.

Грчиот првак е значително засилен сезонава, кавадарчани ќе видат неколку познати имиња меѓу кои се и Оливие Њокас, Анхел Монторо итн.
Македонското првенство почнува истиот викенд, па ова ќе биде убава проверка за кавадарчани пред да почнат официјалните натпревари. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk