Чипурин ја испофали македонската кујна

Рускиот пивот Михаил Чипурин во Вардар дојде со првиот бран на руски засилувања, Дојде во 2013 остана две сезони пред да се пресели во Иври од Франција. Денеска е на 42 годишна возраст, инвтервјуиран беше од рускиот портал за ракомет „Брз Центар“. 



Чипурин во Скопје дојде по 13 години минати во ист клуб - Чеховски медведи. Вардар и Иври му се единствените странски клубови. Прашан каде му било подобро, во Македонија или во Франција, одговори:

„Секаде имаше плусеви. Во Македонија на пример подготвуваат извонредно месо. Франција, иако е многу фалена во гастрономијата и нивните специјалитети е инфериорна во овој поглед. Таму, буквално секој стек треба да го џвакаш со минути. Во Македонија, месото се топи во устата. И не е важно дали си во скап или во ефтин ресторан. Секаде е истото. 
Друга позитивна страна од претстојот во Македонија е блискоста на клубот. 
Во Вардар, клубот помагаше за се. Дури и за решавање на домашните проблеми. Во Франција си оставен речиси сам на себе. Дури и за стан за изнајмување и автомобил треба сам да се снајдеш. 
Јас на пример, купив автомобил на акција, Ситроен, што го платив само 300 евра. По препорака на колега од тимот. во одлична состојба беше, само што беше стар“, изјави Чипурин во дел од интервјуто за рускиот портал. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk