Мали шанси Сагосен да игра против Македонија

Физиотерапевтот на репрезентацијата на Норвешка ја спасил кариерата на Сандер Сагосен. 


Најдобриот норвешки ракометар, Сандерс Сагосен го повреди зголобот на новата на 5 јуни, на натпревар со екипата на Хамбург. Два дена подоцна беше опериран и почна период на рехабилитација. 
На 26 јуни Сагосен се ожени со ракометарката Стине Бреда Офтедал, а три дена подоцна доби лоша вест. Место на меден месец, ќе мора на нова операција. 

Иако Сагосен се чувствувал добро и немал никаков проблем, - нешто му било чудно на снимките на физиотерапевтот на репрезентацијата на Норвешка. Тој инсистирал на нови снимки и се поврзал со ортопедите на олимпискиот тим на Норвешка. Заклучиле дека зглобот не наместен правилно. 
На 4 јули, заминал на нова операција. 
Ако физиотерапевтот немал така остар вид и се задоцнело со реакцијата, односно заздравувал уште само две недели - зглобот ќе морал комплетно повторно да биде отворен. Операција која можела да ја заврши кариерата на Сагосен, во подобар случај да остане со траен, хроничен проблем со зглобот. Вака заврши со продолжување на рехабилитацијата и 32 конци на ногата. 

Сега седум недели по втората операција, работите се на место. Ако нема компликација, Сагосен очекува кам бек на теренот на крајот на ноември. Норвешките медиуми нишанат и кон стартот на Светското првенство во Краков, на 13 јануари кога во првото коло Норвешка ќе игра со Македонија. 

„Ова беше најголемиот предизвик во мојата кариера. Немам тренирано уште од март. Ми претстојат 4-5-6 месеци тренинг и терапии.
За да се 'квалификувам' за СП, ќе треба да играм натпревари уште во декември. Ќе има проценка. Но, млад сум уште, ќе има уште многу првенства за мене. Не сакам да избрзам со настап на СП, а да бидам полуподготвен“, изјави Сагосен во своето последно интервју, направено пред четири дена. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk