Алкалоид со пет од пет до полуфинале во Нант!

Младиот тим на Алкалоид, генерација 2007, учествува на турнир во Франција. Вечерва обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот со скор од пет победи на пет одиграни натпревари.


Алалоид М16, победи на сите три натпревари денеска и го освои првото место во групата со скор од пет победи на исто толку одиграни натпревари. 
Денот почна со дуел со екипата на Естудијантес, меч што Алкалоид го доби со 22-12 (14-4), натпревар на кој МВП беше Виктор Панчевски. 

Потоа следеше натпревар со репрезентацијата на Бенин. Очекувано Алкалоид победи 30-17 (17-10) и го верификуваше пласманот во полуфиналето на турнирот. Тома Серафимовски Борозан беше најдобриот играч на овој натпревар. 
Последниот меч денеска беше со непоразниот тим на Онис од Франција. Средбата била многу поинаква од другите, со многу повеќе физички дуели, но Алкалоид победи 21-9 (14-7), дозволувајќи му на противникот да постигне само два гола во вториот дел. 
Томас Срафимовски Борозан и на овој меч беше најдобриот играч на македонскиот тим. 

Во полуфиналето на турнирот, Алалоид одново ќе игра со екипа од Шпанија. Тимот на Понтеведра се пласираше во полуфиналето, исфрлајќи го од конкуренција домашниот Нант. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk