Веспрем слави, забава за цел град

Веспрем слави роденден, стигнаа познати гости. Малиот град во кој освен ракомет и не се случува којзнае колку во текот на годината, викендов ќе ужива во роденденската прослава на еден од најдобрите клубови.


Прославата на Веспрем е фестивал во градот. Пред арената дефилираат оркестри, свират бендови, штандовите со пиво и мезиња се преполни, а на специјална бина беа претставени и четирите учесници на главниот настан - ракометниот турнир. 

Веспрем внимателно ги има селектирано гостите, па овој турнир е силен како подобар Фајнал фор на ЛШ. Гости на Веспрем се Флензбург со кого ќе играат денеска, а другиот пар се Кил и Келце. 
Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се поканети и ќе судат на турнирот како дел од елитата. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk