Алкалоид е пред полуфинале во Нант

Младата екипа на Алкалоид, ракометари У16 или специфично како што им беше побарано Генерација 2007 ја запипша и третата победа на турнирот во Нант и практично е пласиран во полуфиналето на турнирот на кој играат 12 екипи од Европа и Африка. 



Алкалоид денеска ќе игра три натпревари, а на првиот на кој противник му беше екипата на Естудијантес од Белгија запиша нова убедлива победа 22-12 (14-4).
Најдобар играч на овој натпревар е Виктор Панчевски, за одбележување - трет различен играч на натпревар, а тренерот Влатко Котески вели дека самодовербата на екипата е на високо ниво и дека е презадоволен од пристапот, другарството во тимот и однесувањето на ракометарите. 

Ова е третиот триумф на македонскиот тим. Попладнево од 14:00 .часот ќе игра со репрезентацијата на Бенин која е најслабата екипа во групата и очекуваме сигурна победа, а потоа од 18:00 часот ќе игра со француската екипа Онис за првото место во групата. 



Системот на натпреварување е по завршувањето на групната фаза да се игра 1/2 финале, а третопласираните да играат за петто место и натаму следствено според пласманот во групата. 

Алкалоид ако го совлада Бенин и математички ќе биде пласиран во полуфиналето на турнирот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk