Алкалоид го среди Динамо и ќе игра за пехар

АЛКАЛОИД - ДИНАМО ПАНЧЕВО  35-29 (16-16)
СЦ Вождовац, Белград. Судии: Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ од Србија. 
Алкалоид: Галевски, Трајковски, Димевски, Маркоски, Стојков 2, Младеновиќ 6, Серафимов 3, Илиески 1, Стојковиќ 1, Митев 4, Ѓоргиев 3, Иваноски, Симоноски 1, Омерагиќ 1, Тодески 3, Кофилоски 7, Петковски 3
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 12 мин.
Динамо Панчево: Павловиќ 6, Сунајко 4

По вчерашното реми со освојувачот на двојната круна во Израел, Хапоел Ашдод, Алкалоид вечерва играше со Динамо Панчево, во второто коло од турнирот во Белград. И запиша победа. 
Во последното коло, во недела, за победнички пехар ќе игра со Партизан кој пак со 35-29 славеше над Хапоел, но има и дуел со Динамо пред себе пред да излезе на терен против Алкалоид. 


Алкалоид ќе се бори за пехарот на турнирот „Трофеј Нови Београд“, откако вечерва ја совлада екипата на Динамо Панчево 35-29 (16-16). Утре македонскиот клуб е слободен, во недела на дуел со Партизан ќе се реши кој ќе биде вториот победник на овој турнир. 

Алкалоид беше подобриот тим на теренот во првото полувреме од средбата со засилениот Динамо Панчево. Скопските ракометари беа и побрзи и подобри и го контролираа резултатот. По водството од 8-6 и 9-7 во 15 минута од мечот, следеше убав период во кој македонскиот клуб стигна до водство од 13-10 и 14-11. Условно кажано, домашните, со играчи како Душко Челица на пример, се обидоа и на сила да ги решат работите. Имаше обид да се исценира инцидент на теренот, тој не успеа, но притисок се иврши и врз судиите и го исфрлија за момент од ритам Алкалоид па постигнаа три гола по ред и израмнија на 14-14. Гол за гол, на полувреме резултатот беше 16-16. 

Во вториот дел, одново Алкалоид беше подобриот тим на теренот. Воведните минути беа израмнети (17-17), потоа Алкалоид поведе 22-20, а на 18 минути до крајот тренерот на Динамо побара тајм аут затоа што беше 25-21.
Слично како и во првиот дел, Динамо намали на 25-27 на 10 минути до крајот на мечот. Имаше повисока толеранција во дуелите и понекој недосуден седмерец, на едната страна на теренот рагби на другата ракомет, но и имаше и грешки од страна на Алкалоид, па српскиот тим комплетно се врати во игра (26-27), пред Кирил Лазаров да побара тајм аут. 

По ова Алкалоид одново се врати на плус три. Поведе 29-26 и 30-27 на седум минути до крајот на натпреварот. На четири минути до крајот водеше 32-28, голманот Галевски спречи шанса за некакво ново резултатско враќање и беше одлучен победникот. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk