Стартуваше меморијалот, Прилеп го реши ПАОК

Прилеп е домаќин на седмиот меморијален турнир „Миле Нешкоски“. Денеска, традиционално со положување на цвеќе пред споменикот на Нешкоски беше одбележан стартот на турнирот. Градоначалникот најави дека Универзалната сала во иднина можеби би го носела и неговото име. 


Прилепчани, пак, ги израдуваа своите фанови со победа над ПАОК од Солун на првиот меч на турнирот. Средбата заврши со победа на прилепските ракометари од 28-26 (13-10).
Водеше македонскиот тим во текот на целата средба, имаше 15-12, па серија од 4-1 со која дојде до 19-13, по што го одржуваше водството без проблем до конечната победа. 

Во вечерниот термин играат Дубочица и Мулти Есенс. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk