Кукуловски и Петровиќ во битолската „двојка“

Павле Петровиќ и Дејан Кукуловски се приклучија на екипата на Еурофарм Пелистер 2, откако подготовките ги минаа со првата екипа. 


Александар Јовиќ доби двајца важни ракометари за дуелите од Европската лига со австрискиот претставник Алпла Хард. 
Павле Петровиќ кој играше за оваа екипа и минативе две сезони се враќа по подготовките одработени со првиот тим, а доаѓа и Дејан Кукуловски, кој настапуваше за првата екипа. 
Играњето во вториот клуб можеби од една страна да се гледа како чекор назад, но евидентно е дека овде ќе добие далеку поголема минутажа и одговорност, па не би гледале на овој трансфер од таков агол, туку како шанса тој да напредува, а Е. Пелстер 2 да добие добро, македонско засилување. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk