Алкалоид го разби Тулуз

Екипа од генерацијата 2007 на Алкалоид гостува на турнир во Франција. И одлично и оди по два одиграни натпревари.



По победата на премиерниот меч над Хихон од Шпанија, на вториот натпревар Алкалоид се сретна со екипата на Тулуз од Франција, претставник на францускиот клуб што игра во најсилната лига на Франција и Европските купови. 

Алкалоид доминираше на овој натпревар. По 30 минути водеше 17-7, конечниот резултат од натпреварот е 36-16. 

„Влеговме максимално мотивирани на овој натпревар. Од прв момент, сите играчи играа на задоволително ниво, сите се запишаа во листата на стрелци, презадоволен сум од нивната посветеност“, изјави тренерот Влатко Котески.  Иван Ќурчиев беше прогласен за играч на натпреварот.

Со овие два натпревари, завршува денешната агенда за ракометарите на Алкалоид во Нант. Утре ќе имаат напорен ден, ги чекаат три натпревари и тоа со францускиот Онис, со репрезентацијата на Бенин и со екипата на Естудијантес. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk