Младиот Алкалоид на турнир во Нант

Екипа на Алкалоид од генерацијата 2007 во следниве два дена ќе игра на турнир во Франција. 



Одамна млада македонска екипа во тек на подготовки не отишла на подготовителен турнир во странство. Особено не подалеку од балканските простори. 
Годинава, Алкалоид ќе ја освежи и таа сцена и веќе ја испрати на турнир во Франција пионерската екипа (под 16 години), поточно екипата од генерацијата 2007.
Организатор на турнирот на кој учествуваат повеќе екипи во разни возрасни категории е екипата на РК Нант.
Овој клуб соработува со своите бивши ѕвезди, па така покрај Алкалоид каде што е Кирил Лазаров е тренер на првиот тим, ја носи и репрезентацијата на Бенин, од каде што потекнува уште една нивна ѕвезда која веќе не е активна - Рок Фелио. Турнирот само во генерацијата 2007 има 12 екипи, од повеќе држави а се игра во разни возрасни категории и ќе учествуваат повеќе тимови. 

Младите ракометари ќе играат во група со екипите на Тулуз од Франција, Онис од Франција и на  Естудијантес од Белгија, како и со репрезентацијата на Бенин и екипата на Хихон од Шпанија.
Подоцна РК Алкалоид (М2007) ќе се вкрсти со екипите од групата А, во која се домаќинот РК Нант, потоа РК Шарт, РК Ливри и РК Зубри.

Влатко Котески ја предводи екипата во Франција

„Ова е голема работа за овие млади играчи. За сите нив ќе биде прво меѓународно искуство, и тоа на гости кај клуб кој значи многу во врвот на европскиот ракомет. Покрај сите придобивки од таквиот настап, особено ни значи што клубот води грижа за најмладите, кои, ете, ќе добијат шанса да играат против екипи од сиот свет, а покрај искуството ќе можат да направат и споредби и да научат нешто ново“, вели тренерот Влатко Котески.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk