Ветувачки почеток за битолчани

Со струшкиот пехар свежо поставен во витрината и пласман на СЕХА Фајнал Фор за прв пат во историјата, битолчани влегуваат во новата сезона. 


Очекувањата од новиот битолски состав беа големи, сега амбициите дополнително пораснаа. Екипата уште не ја достигнала вистинската форма, не е ниту комплетирана, Мохамед Суси, веројатно најголемото засилулвање уште не влегол на терен. 
Но, во Битола веќе се слави. Градот познат по својата љубов кон ракометот и зелено белиот тим заживеа на уште непочната сезона. Најава дека ќе биде интересно првенството. 


Битолчани го елилминираа Мешков Брест и ќе играат на Ф4 во Задар. Прв пат ќе бидат во ова одбрано друштво. Лошата вест е што во полуфиналето вкрстуваат со Веспрем. Многу поубаво ќе беше ако Нексе или ППД Загреб беа на другата страна на теренот на 2 спетември. 



Видовме убави моменти, видовме и слабости. За ова второво има време да се поправи, сезоната уште не е почната.
Од убавите, ако треба да одбереме, покрај пријатното изненадување Руди Сери, сигурноста на Урбан Лесјак кога доаѓа ред на седмерци, ќе го подвлечеме потегот на Ларс Валтер, шанса и тоа во критичните моменти во финишот да им даде на македонските играчи. Атанасијевиќ го видовме како блесна за еден момент, Танкоски се чини како да е на пат да се препороди, Цветан Кузманоски беше сосема солиден, Марко Кизиќ имаше едно полувреме за себе... 
Браво за Валтер, ја одбрани Битола од Белорусите, сега очекуваме на терен и финален производ, по што ќе видиме и како екипата ќе се снаоѓа на европското поле. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk