Е. Пелистер оди на СЕХА Фајнал Фор

Е. ПЕЛИСТЕР - МЕШКОВ БРЕСТ  27-26 (23-23, 11-10)
Сери 6, Хосни 5 - Аљохин 7, Баранов 7



Убаво почна сезоната за битолчани. По струшкиот турнир освоен на пенали, вечерва беше обезбеден пласман и на СЕХА Ф4, исто така на пенали. Во двата случаи, јунак на тимот е голманот Урбан Лесјак. 

Еурофарм Пелистер за прв пат во својата историјата ќе игра на Фајнал фор турнирот на СЕХА лигата. Битолчани на 2 септеври во Задар, во полуфиналето на овој меѓународен шампионат ќе се сретнат со унгарскиот Веспрем. 

Мешков Брест во далеку послаб состав отколку оригинално замислениот беше пречката што битолчани мораа да ја совладаат за да стигнат до Ф4.
Белорусите поради санкциите ги загубија речиси сите странски засилувања, но Шумак, Подшивалов, Јуринок, Баранов се уште се екипа што треба да се респектира.

Тоа го видоа на дело битолчани. Е. Пелистер водеше во текот на целиот натпревар, но Мешков Брест постојано беше блиску. Аљохин од игра, Баранов од седмерци и Е. Пелистер не можеше воопшто да здивне. 
Руди Сери се покажа во добро издани, во неколку наврати и Мирко Радовиќ собираше отпадоци и ги претвораше во голови. 
Танкоски се чини дека се препородува под команда на Ларс Валтер. Тој постигна гол за водство на помалку од 10 секунди, но следеше молскавичнна акција на гостите кои израмнија и мечот отиде на пенали.

Како и во Струга, така и во Битола. Откако по пет серии немаше победник, се премина во шутирање гол за гол. Пешевски погоди за Пелистер, а Лејсак го запре шутот на Аљохин и Пелистер се пласираше на Ф4. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk