Алкалоид промаши победа над Хапоел

АЛКАЛОИД - ХАПОЕЛ АШДОД  25-25 (12-12)

Во првото коло на турнирот Трофеј  Нови Београд, Алкалоид се сретна со екипата на Хапоел Ашдод од Израел. 




Алкалоид ја имаше во раце победата над израелскиот Хапоел Ашдод уште во првото полувереме. По израмнетите воведни 10-тина минути и резултат 5-5 се отвори играта на македонскиот тим. Одбраната функционираше, транзицијата беше одлична, контра нападите функционираа и сето тоа беше убаво за око и ефикасно. Алкалоид поведе 8-5, Хапоел побара тајм аут, а три минути по првиот побараа и втор тајм аут затоа што беше 11-5. 

По ова се сменија работите на теренот. Не дека Хапоел одигра нешто посебно, туку затоа што Алкалоид влезе во неверојатна серија на промашувања. Почна со три нереализирани зицери по што Израелците намалија на 9-11, а продолжи со уште 3-4 промашувања од изградени позиции, главно од крилните позиции. Сето тоа на крајот имаше 12-12 како резултат на полувреме. Искусниот израелски тим во кој има и четири интернационалци успеа да се врати во живот. 

Гледавме воведни 10 минути во вториот дел во кои се играше гол за гол. Алкалоид поведе 16-15 од пенал во 38 минута, три минути подоцна Лазаров побара тајм аут при резултат 17-17. Конечно, во 44 минута поведе македонскиот тим со плус два гола (19-17), со гол постигнат од транзиција и тренерот на израелскиот тим го побара и последниот тајм аут. 

Во 47 минута, Алкалоид повторно имаше убава разлика, водеше 21-17 и повторно излгедаше убаво на терен. Брзо, полетно, ефикасно. Но, две минути подоцна, одново беше тесно, 21-19, а „виновник“ за ваквиот тек на настаните се седмерец и исклучување што го заработија скопските ракометари. 
Кирил Лазаров побарај тајм аут, на точно 10 минути до крајот, при споменатиот резултат (21-19). за да спречи нов кам бек на Израелците. 
Следеше гол за 22-19, но голманот го врати Хапоел во живот, па во 53 миунта намалија на 21-22. Алкалоид зголеми на 23-21, а голманот Галевски одбрани и создаде шанса по што Алкалоид поведе со 24-21 во 55 минута. 
Хапоел намали на 22-24 со шут од девет метри, од очај, секунди пред да им биде одземена топката поради пасивна игра. Во 57 минута при водство од 25-22 Алкалоид освои топка, и можеше да го одведе мечот во помирни води, но но лошо беше фрлена во контра напад топката, па Хапоел доби уште една шанса за живот.
Ја искористи, намали на 23-25,  само што почна 58 минута. Потоа Хапоел намали и на 24-25, а Лазаров побара тајм аут на минута и 15 секунди до крајот на средбата. Серафимов шутираше, но одбрани голманот на израелскиот тим.
На 30 секунди до крајот Алкалоид освои топка, се проби до голот, но шутот заврши над голот. Топката малерозно се одби од ѕидот позади голот, и веднаш им се врати во раце на Изралеците кои успеаја да организираат напад и да погодат со звукот на сирената за 25-25. 

Алкалоид утре силите ќе ги одмери со екипата на Динамо Панчево, првиот фаворит за освојување на турнирот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk