Вардар и Е. Пелистер на мегдан во Охрид

Двата најдобри македонски клубови, битката за првиот пехар ќе ја имаат на брегот на Охридското Езеро. 



Ракометниот Супер Куп и оваа година дуел меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе се одржи во Охрид на 11.09. 
Клубовите и РФМ од претходно се договорија за терминот и го прифатија Охрид како опција за играње, но потребна беше и согласност од градот. 
Денеска е официјализирано, Охрид ќе биде домаќин, Вардар и Пелистер по трет пат во Супер куп историјата ќе делат мегдан. 

Супер Куп се игра од 2017 година, а во првите три изданија победи Вардар. Еднаш против Е. Пелистер, двапати против Металург. 
Минатата година се играше во Скопје, а се сретнаа Вардар и Е. Пелистер, а победија битолчани и тоа убедливо 31-22. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk