Тоа е Кил: Три тренери за 33 години!

Прославениот чешки ас, Филип Јиха го оправда своето место и довербата добиена да биде тренер на Кил и доби нов договор. 


Филип Јиха по една година стажирање, во 2019 година стана прв тренер на Кил. Три години подоцна, со еден шампионски пехар од ЛШ и еден од Бундес лигата доби продолжување на договорот. Ќе ги води „зебрите“ најмалку до 2026 година. 

Ако Јиха го одработи својот дил до крајот, тогаш Кил ќе комплетира 33 години во кои само тројца биле тренери на тимот.
Најпознатиот меѓу нив е Звонимир Нока Сердарушиќ кој ја водеше оваа екипа од 1993 до 2008, цели 15 сезони пред, една банална кавга да прерасне во нешто сосема поинакво и на сметка на клубот (плати седум цифри) за да го отплати Сердарушиќ, да плати отштета за Гисласон и да го доведе исландскиот стратег на клупата. 
Гисласон остана на клупата на Кил 11 години, до 2019 година, па Филип Јиха дојде на неговото место. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk