Беше играч на 20 век, сега е селектор во чуден спорт

Магнус Висландер беше еден од најдобрите ракометари во историјата на спортот. На истекот на милениумот, ИХФ го прогласи за играч на 20 век. Играше за Кил, освои речиси се што може да се освои и потоа се врати во родната Шведска. 
Таму почна не многу успешна тренерска кариера. Сега го смени спортот и стана селектор. 



Магнус Висландер стана селектор на Шведска во голбол. Тоа се параспорт, дизајниран за спортисти што имаат проблеми со видот, дел е од Пара Олимписките игри. 
Во овој спорт екипите имаат по тројца играчи на терен, сите носат превез преку очите, а топката има ѕвончиња. Целта е нормално да се постигне гол, се игра полувремиња што траат по 12 минути. 

Играта има сличности со ракомет. Висландер признава дека е почетник, вели дека е голем предизвик, но и дека имал можност да игра голбол. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk