Хансен е далеку од кам бек

Алборг го доведе во своите редови Микел Хансен, приреди спектакли со промоцијата, му оранизираше доаѓање со приватен авион, но нема брзо да го видиме на терен. 



Во април годинава на Микел Хансен му беше дијагностицирано згрутчување на крвта кое потенцијално, кога се работи за профсионален спортист може да биде многу опасно ако се занемари. 
Сезоната ја заврши предвреме, веќе имаше договор за трансфер во Алборг и сега се чека неговото враќање на терен. 
Тоа нема да биде брзо. Хансен се уште тренира без контакт поради опасност од внатрешно крварење, а сезоната веќе почна.
Шест месечната терапија завршува кон средината на септември и дури тогаш ќе почне со посилни тренинзи. Добрата вест е што тој вели дека се чувствува добро и дека телото добро реагира, но засега само со тренинзи за одржување на физичка кондиција и без многу напори. 

Алборг вчера пред полни трибини го совлада ГОГ во данскиот Супер Куп (36-31). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk