Среќата му сврте грб на Пролет, Партизан со пенали до финале

Партизан се пласираше во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ откако на пенали беше подобар од македонскиот тим Тинекс Пролет 62.



Попладнево во Охрид почнаа натпреварите од првиот турнир што се игра во чест на Крсте Андоновски, ракометар и тренер кој има оставено неизбришлива трага во охридскиот клуб. 

Тинекс Пролет и Партизан се сретнаа на првиот меч кој воедно е и полуфинале затоа што се игра по Фајнал фор систем. 

По 15-13 за гостите од Белград на полувреме, Тинекс Пролет беше многу подобар во вториот дел, а стигна и до водство од три гола (27-24) на седум минути до крајот. 
Партизан успеа да се врати и во последните две минути се влезе со израмнети 29-29. Томи Јагуриновски постигна гол за водство од 30-29, резултат при кој Тинекс Пролет имаше и напад за да ја запечати победата.
Судиите ја одзедоа топката на десетина секунди до крајот, а Партизан со гол од крило „од мртов агол“ успеа да израмни на конечни 30-30.

Се шутираа седмерци, гостите од Белград ги реализираа сите пет, а македонскиот тим промаши во втората серија и утре ќе игра меч за трето место со поразениот од дуелот меѓу Охрид и Тиквеш. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk