Тиквеш го ангажираше кадетот Шулески

Еден од најдобрите кадетски репрезентативци на Македонија, Славчо Шулески е нов ракометар на екипата на ГРК Тиквеш. 



Кавадарчани имаат ново име во своите редови, средниот бек Славчо Шулески му се приклучи на тимот и денеска ќе дебитира на турнирот „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи во Охрид. 
Шулески момент што го одвојуваме како интересен, за Тиквеш ќе дебитира против својот досегашен клуб - Охрид.

Овој ракометар имаше убава летна промоција со настапите на ЕХФ Шампионатите и тоа за јуниорскиот тим во Варна  кадетскиот во Рига. 
Во Кавадарци ќе има неколку свои врсници и нешто повозрасни колеги кои важат за добар потенција, а ќе работи и со квалитетен тренер, поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk