Микел Хансен со приватен авион слета во Алборг

Микел Хансен денеска со приватен авион во кој беа присутни мал број на селектирани медиуми и претставници на клубот, од Копенхаген пристигна во Алборг. 



Најголемата данска ѕвезда, Микел Хансен денеска се приклучи на тренинзите на својот нов клуб - Алборг. 
Хансен нема играно од април годинава кога му беше дијагностицирано згручтување на крвта и беше под посебен медицински третман се до конечното заздравување и зелено светло од докторите дека може да поднесе напори какви што има во вакво врвен професионален колектив. 

Алборг не пропушти од доаѓањето на Хансен да направи спектакл, па целиот негов лет oд околу 400 киломтери беше следен од телевизиски екипи. 



Микел Хансен подоцна го одработи и првиот тренинг со екипата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk