„Златните“ кадети на прием кај претседателот

Македонската кадетска репрезентација победник на ЕХФ Шампионат и иден учесник на ЕХФ Еуро и Светско првентво 2023, денеска беше на прием кај првиот човек на државата. 




Македонската машка кадетска ракометна репрезентација заедно со претставниците на РФМ, денеска беа примени од Претседателот г-дин Стево Пендаровски кој честитајќи им на ракометарите и стручниот штаб за успехот изрази задоволство од успешната промоција на македонскиот спорт во интернационални рамки со одличниот успех на освоениот трофеј на EHF Европскиот шампионат за момчиња до 18 години кое што се одржа во Рига, Летонија.

Ракометарите му подарија на Претседателот г-дин Пендаровски подарок топка со потписите на македонските репрезентативци.










 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk