Стоилов: Со помош на публиката до „Ф4“

Вардар утре ќе игра меч за пласман на Фајнал фор на СЕХА лигата. По ланските контроверзи, кога иако со обезбеден пласман на терен беше елиминиран со гласање на екипите поради наводна опасност од Ковид, Вардар прв пат остана без „Ф4“. Како ќе биде годинава, ќе видиме утре.


Сега противник на Вардар не е Загреб, туку е Нексе, па оттука и мали се шансите повторно адмнистративно да се бара патникот за Задар. Би требало да се одлучи се на теренот, а таму ќе видиме демонстрација на новиот тим на Вардар и ќе може да се вадат поквалитетни заклучоци за тоа што не чека понатаму во сезоната. 

„Турнирот во Струга ни беше подготовка. Видоме кои играчи можат повеќе, кои не. Нексе е познат противник, играа Фајнал фор на Европска лига, тоа не е случајно. Само еден играч замина, дојдоа двајца.
Во мојата екипа, мене најмногу ме загрижува ротацијата. Имаме многу играчи што во минатото не добивале минутажа, а сега целиот товар ќе биде на нив. Мислам дека има потенцијал, но треба трпение со нив и од клубот и од публиката, па потоа ќе покажат тоа што треба“, изјави тренерот Владо Недановски. 


Столе Стоилов, очекува Вардар утре да одигра добар натпревар. 

Форматот е таков, еден натпревар, играме дома. Противник што добро го знаеме, 10 години играме со нив секоја година. Не го менуваат често ростерот. 
Лани не успеавме да ги победиме. Сега, еден меч, мислам дека имаме сили да ги победиме. Се надевам дека салата ќе биде полна и заедно со навивачите да ги победиме, изјави Стоилов. 

Натпреварот ќе се игра со почеток од 20:25 часот. 

 

Поврзани вести