ППД Загреб остана единствен со сите Ф4 во СЕХА

Екипата на ППД Загреб остана единствениот клуб што обезбедил пласман на сите Ф4 турнири на СЕХА Газпром лигата. 



Екипата на ППД Загреб со гол во последните секунди што го постигна Звонимир Срна успеа како гостин да ја совлада екипата на Војводина во 1/4 финалниот нокаут меч што се одигра во Нови Сад. 
Војводина покажа сезонава дека има респектабилен тим и малку им недостасуваше за мечот да го одведат во продолженија или пенали. 

Тимур Дибиров дебитираше за ППД Загреб и постигна 4 гола од 6 обиди. 

Откако минатата сезона СЕХА клубовите го „сместија“ Вардар и го дисквалификуваа од Ф4, ППД Загреб остана единствениот клуб што учествувал на сите Ф4 турнири досега. 

Вардар против Нексе на 23 август во Скопје и Еурофарм Пелистер против Мешков Брест на 25 август во Битола се двата последни нокаут квалификациски натпревари од 1/4 финалето по што ќе бидат познати сите учесници на СЕХА Ф4. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk