Алкалоид ќе го предизвика Целје

Денеска во Струга ќе се играат натпреварите од второто коло во кое одново ќе ги гледаме тимовите од групата „Б“, но овој пат ќе има и една меѓунардона пресметка.



Алкалоид, екипата што вчера можеше да му откине барем бод на Вардар, денеска има поинаков и потежок предизвик. 
Целје Пивоварна Лашко ќе игра против скопскиот состав. Словенечки шампион и единтвен учесник во Лигата на шампионите од присутните во Струга. Јасно, Словенците се големи фаворити, но ќе биде интересно да видиме како ќе се справи Алкалоид со ваков противник. 
За жал според терминот во кој што се игра средбата, ова ќе биде единствениот дуел што нема да може да се гледа на ТВ, но ќе може да се гледа на Youtube каналот. 

https://www.youtube.com/user/RKStruga



Потоа ќе следи дуелот меѓу АЕК Атина и Татран Прешов, а во терминот од 21:15 ќе играат Вардар и Бутел Скопје. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk