Веспрем прв до СЕХА „Ф4“

Денеска официјално продолжи СЕХА лигата, а Веспрем е првиот тим што обезбеди пласман на Фајнал Фор турнирот што ќе се одржи во Задар. 



Веспрем за противник во нокаут мечот од 1/4 финалето за противник го имаше тимот на Татран Прешов. Иако унгарскиот тим практично се воигруваше на оваа средба и притоа дури 11 играчи се запишаа во листата на стрелци, а поголема важност им се даде на новодојдените - немаа проблем да стигнат до победата. 
Веспрем победи со 10 гола разлика 35-25 (18-15) и ќе продолжи кон Задар, додека Татран Прешов пак продолжува кон Струга каде што ќе учествува на јубилејниот 50. турнир.

На 17 август ќе играат Војводина и ППД Загреб, на 23 август ќе играат Вардар и Нексе, а два дена подоцна Еурофарм Пелистер и Мешков Брест. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk