Што ги чека натаму „златните“ кадети од Рига?

Лани кадетките во Литванија, летово кадетите освоија прво место во Летонија. Балтикот ни одговара за остварување на резултати. 


Кадетската репрезентација на Македонија попладнево ја совлада Швајцарија во финалето на ЕХФ Шампионатот што се играше во Летонија и со го трасираше патот кон светскиот ракомет преку настапи на големите натпреварувања. 

Македонија, Чешка и Австрија се новите членови на „А“ Дивизијата. Од првиот ешалон во „Б“ Дивизијата се селат репрезентациите на Франција, Италија и Полска. 
По две години, кога овие момци ќе играат во М20, конкуренцијата на Македонија на ЕХФ Еуро ќе изгледа вака:
Унгарија, Германија, Исланд, Португалија, Србија, Ц. Гора, Норвешка, Словенија, Шпанија, Шведска, Ф. Острови, Данска, Хрватска, Чешка и Австрија. 
Тоа ќе биде последното ЕХФ Еуро што ќе се игра со 16 екипи, од 2026 и ова првенство ќе се прошири на 24 репрезентации.  

Следната година, пак. Овие ракометари ќе играат на Светско кадетско првенство. Тој мундијал ќе се игра во Хрватска, ќе има 32 репрезентации, а досега познати се 15 европски патници. 
Тоа се истите екипи што ќе играат на следното ЕХФ Еуро минус репрезентацијата на Србија која следствено треба да биде првата европска резерва. 

Следното што РФМ мора уште на почетокот на сезоната да го формира е репрезентација од Генерацијата 2006. Малку малерозно, тие требаше автоматски да добијат пласман на ЕХФ Еуро поради вечерашните победници од Рига, но се сменија работите. 
М18 2024 ќе се игра со 24 репрезентации. Само осум ќе имаат директен пласман според рејтингот, другите 16 места ќе се пополнат со квалификации. Не се објавени сите детали од Виена, па затоа нема да навлегуваме во шпекулации. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk