БРАВО!!! Кадетите победија во финалето!

МАКЕДОНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА  24-22 (13-10)
Македонија: Брестовац, Галевски, Михајловиќ, Тотиќ, Белитојаноски 1, Николоски 1, Стојменов, Карасманакис 1, Димковски 7, Петковски 6, Узунчев 1, Шулески 2, Димевски, А. Стојановски, М. Стојановски, Калајџиоски 4
Швајцарија: Стенертс 11, Ванер 3



Македонија победи на ЕХФ Шампионатот во Летонија и обезбеди пласман на СП и ЕП. Во крајно драматичен меч во кој нашиот тим правеше пресврт, успеавме да славиме над незгодниот ривал Швајцарија.

Македонија беше подобриот противник во првото полувреме. Имавме контрола, водевме 10-7 пред со серија од 3-0 Швајцарците да израмнат, но потоа во последните три минути вративме со серија од 3-0 и на одмор заминавме со водство од 13-10. 

Швајцарија подобро го отвори второто полувреме и со 4-1 на почетокот стигна до израмнување 14-14, пред Калајџиоски од седмерец да не врати во водство, а швајцарскиот играч Галовиќ да добие црвен картон.
На 15 минути до крајот, Швајцарија водеше 17-16, потоа поведе и 18-17, а македонските играчи бркаа реми. Не дозволи македонскиот тим противникот во овие моменти да фати залет, израмни и на 19-19, а потоа Брестовац ни даде шанса да се вратиме во водство, но не искористивме и од контра напад Швајцарија поведе 20-19.
На осум минути до крајот бевме -2 (20-22), а Швајцарците секако беа комотни и се чуваствуваа како да играат на домашен терен со оглед на тоа дека репрезентациите што играа пред нас, првенствено Луксембург, на цел глас навиваа за Швајцарија.
Секој момент стана клучен, а голманот Галевски не спаси во еден момент и спречи да поведат со 23-20. Потоа Шулески намали на 21-22, на пет минути до крајот и се вративме во игра.

Со два врзани гола на Димковски, Македонија направи пресврт и поведе 23-22, а веднаш потоа имаше и напад на минута и пол за плус два, но отидовме во пасивна игра и ништо не направивме.
Но, погрешија Швајцариците во напад, а ние во финишот со голот на Карасманакис ставивме точка со водството од 24-22 што е и конечен резултат. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk