Новиот Веспрем го разби Данкерк

Новиот Веспрем уште на првата контролна средба сезонава покажа моќ и го демолираше францускиот Данкерк.



Веспрем го совлада Данкерк на пријателски натпревар со 10 гола разлика и тоа направени во само едно полувреме.
По првиот дел Данкерк водеше 15-14, но потоа Веспрем почна да пука од сите оружја и мечот го заврши со победа од 35-25. 
Бјарки Елисон кој дојде како замена за Дејан Манасков постигна шест гола, еден повеќе од уште еден нов крилен играч - Микита Вајлупов. Од новите играчи, пикерот Драган Пешмалбек постигна два гола, а Елдера беше стрелец на еден гол. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk