Македонија е во полуфинале на ЕХФ Шампионатот

МАКЕДОНИЈА - КОСОВО   39-16 (21-11)
Македонија: Брестовац, Галевски, Михајловиќ 1, Тотиќ 1, Белистојаноски 5, Николоски 1, Карасманакис, Димковски 5, Петковски 9, Димитар Узунчев, Тодор Узунчев 5, Шулевски, Димевски 3, А. Стојановски 3, Калајџиески 4, М. Стојановски 3


Македонската кадетска репрезентација што се натпреварува на ЕХФ Шампионатот во Летонија се пласираше во полуфиналето на турнирот. 
Откако вчера беше подобра од Турција, денеска македонските кадети запишаа уште една убедлива победа и во пресрет на мечот со Летонците имаат четири бода и сигурен пласман во полуфиналето. 

Македонија денеска стартуваше многи лошо и по десет минути игра беше во голема негатива (2-7). Но, брзо се соземаа избраниците на Раде Стојановиќ и вратија со иста таква серија од 7-2, па во 17 минута беше 9-9. 
Потоа почна шоуто на македонскиот тим кој направи уште една голема серија од 11-2 и поведе со 21-11 до крајот на полувремето. 

Вториот дел беше шанса за сите играчи, а Македонија на крајот запиша победа од 39-16. Во последното коло ќе играме со Летонија, а потоа следи полуфиналето. 
Иван Галевски беше најдобриот играч на Македонија, официјално прогласен за МВП на натпреварот. На вчерашниот меч, исто така голман, Давид Брестовац беше МВП на натпреварот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk