Савевски: Јас сум виновен, изгоревме во желбата

Кадетската репрезентација на Македонија денеска, во разигрувањето за 9-11 место беше поразена од Германија. Нашиот тим беше под нивото на досегашните средби и поразот колку и да е висок е реален, односно победата на Германкие - заслужена. Вината и одговорноста ја презема селеторот. 



„Јас ја преземам вината и одговорноста за денешниот пораз и начинот на кој ја одигравме оваа средба. Изгоревме на претходните натпревари, премногу се истрошивме и денеска не бевме на потребното ниво. Премногу го посакувавме пласманот во 1/4 финалето и игравме само на таа карта. Ризикував, малку играчи го носеа товарот, но тоа беше цената што бев спремен да ја платам за пласман во 1/4 финалето. Штета, не успеавме. Истрошивме премногу сила и енергија за тој пласман и денеска тоа ни се одрази во играта, изјави селекторот Савевски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk