ФОТО: Играчи што „бодат“ очи на СП

Мундијалот што се одржува во Скопје е за девојки до 18 години. Девојчиња, па иако се работи за топ репрезентации не очекувате на терен да видите луѓе од два метра. Но, речиси секоја подобра репрезентација во своите редови има не една, туку неколку ракометарки што се издвојуваат. Не зборуваме за ракометни квалитети, туку за физички предиспозиции. 


СОФИЈА ГУЛ - АРГЕНТИНА
Прво нешто што ќе забележите кога Аргентина ќе се построи за химна е ракометарката со бројот 9 - Софија Гул. Таа е една од најмладите во тимот, има само 16 години. Висока е речиси 190 см. Софија Гул е инаку ќерка на светски познатиот агентински десен бек Ерик Гул кој своевремено играше за Барселона, Сиудад Реал, Адемар, Ваљадолид... 




ШАНА ВАНДА - ФРАНЦИЈА
Шана Ванда е висока 194 сантиметри и тешка 102 килограми. Често знае косата да ја врзе во пунџа со што станува повисока од 2 метра. Кога ќе застане на голот, во стилот на Милосављев или Штербик, затвора многу простор. Впрочем имаат шанса да заглава многу голгетери на мундијалов.
Во тимот на Франција има уште една слична ракометарка, пивотот на Шамбре, Келеменс Енкинданда, таа е висок 190 см.




АНГЕЛА ЖАГАР - ХРВАТСКА
Ангела Жагар има 17 години и игра на позицијата десен бек за францускиот клуб Мец. Висока е 194 сантиметри и е доминантен играч во репрезентацијата на Хрватска. 




МАДИНА МИРЗАМЕСЕИТОВА (КАЗАХСТАН)
Казахстан има во своите редови физички доминантен играч а тоа е пивотот на Астана, Мадина. Таа е висока над 180 сантиметри и секогаш двои од другите играчи кога е на терен. 




ЛИНДИЕ ЧАПЧЕТ ЏУИЗЕ (ШПАНИЈА)
Висока е 185 сантимтери, тешка 103 килограми и извонредно силна. Шпанскиот пивот Чапчет е ракометарка покрај која никој не сака да застане на линијата и колку што можевме да видиме, врши голема работа, особено во дефанзива.  


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk