Савевски: Самите сме виновни, имавме шанса

Македонија пропушти шанса да се пласира во 1/4 финалето на Светското првенство. Исланд беше подобар, ние нашата шанса ја промашивме, неколкупати. 




Се потрошивме многу на овие натпревари. Игравме со мал ростер, можеби моја е таа вина. Имавме шанса, имавме шут на празен гол. Којзнае што ќе беше ако погодевме во тие две ситуации. После тоа, веќе крај е, нема шанса во последни две минути да стигнеш. 
Не сум задоволен од судењето, и на минатата средба и сега. Не дека требаше да ни помогнат затоа што сме домаќини, ама мислам дека благонаклоно гледаа на противниците. Немаа исти аршин. По мое имаше десетина чекори, се гледаа зошто не ги свирнаа не знам. Или не чувствуваат илил.. Зошто не ги судеа - не знам. Нека се гледа снимка, овие се добри судии, зошто не отсудеа, не знам. Но, да не излезе дека сега со нив се правдаме, далеку од тоа, ние сме си самите виновни за поразот“, изјави селекторот Савевски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk